Синдикатите се против враќање на „плата во плико“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализираат незаконски практики.

Според Трендафилов, поразително е да се предлага закон со кој ќе се елиминира Законот за работни односи. Со ваквото законско решение, како што посочи, работниците стануваат модерни робови на кои ќе им се плаќаат придонеси од околу 290 денари дневно, а работодавачот ќе ги ангажира и отпушта кога сака.

– Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работни односи. Поразително е да давате изјави и да кажувате дека ваквото законско решение ќе се рашири опфатот на сите други работни места, односно на сите други дејности – изјави Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За ССМ е недозволиво дополнително да се усложнуваат работите во услови кога работодавачите одбиваат да издадат дури и решение за секое користење на годишен одмор на работниците.

– Сакаат да дадат едно решение годишно, а сега ќе ги вработуваат на дневна основа. Патем тие работници нема да имаат договор за вработување, немаат да знаат што со нивната егзистенција, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција за нивното семејство. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како е – изјави Трендафилов.

Share This Article