Индустриското производство во декември лани  е намалено за 5,8% во  однос на истиот месец претходната година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Индустриското производство во декември лани  е намалено за 5,8% во  однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, кумулативно за периодот  јануари – декември лани со претходната година забележан е раст од само 0,7%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од 3%, во секторот „преработувачка индустрија опаѓање од 3,2 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 23,2 %.
Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи,  облека, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, како и на неметални минерални производи и производство на електрична опрема.
Share This Article