Во средата, Кина објави смрт на жена која подлегна на инфекција со комбинирани видови на птичји грип, H3N2 и H10N5, но рече дека ризикот од пренесување од човек на човек е низок.
На крајот на ноември, 63-годишна жена од провинцијата Анхуи, која имала хронични здравствени проблеми, се разболела и добила симптоми на грип – кашлица, болки во грлото и треска. Таа почина по 16 дена, соопшти Националната администрација за контрола и превенција на болести.
Анализата на геномската секвенца на вирусот покажа дека се работи за сој на птичји грип H10N5 кој нема способност ефикасно да зарази луѓе.
„Овој случај е епизода на пренесување на болеста од еден вид на друг, од птици на луѓе“, велат од администрацијата.
Скринингот на блиски контакти бил негативен и не биле откриени сомнителни случаи, додаваат од управата, нагласувајќи дека ризикот од пренесување на болеста од човек на човек е мал и дека не се случил.
Кина е дом на огромен број одгледувани и диви птици од различни видови, создавајќи идеална средина за птичји вируси кои се мешаат и мутираат.