More

    Израел и Хамас се разидуваат околу една работа

    spot_img

    Главна пречка за постигнување договор е времетраењето на прекинот на огнот, бидејќи Израел инсистира прекинот на огнот да биде само привремен, додека членовите на Хамас претходно бараа траен прекин на огнот, пишува лондонски „Гардијан“. Весникот вели дека израелскиот воен кабинет разгледува нацрт-договор подготвен во Париз.

    Договорот го подготвија претставници на Египет, Катар, САД и Израел, но членовите на палестинската милитантна група Хамас, која држи заложници во Појасот Газа, не учествуваа на средбата.

    Договорот предвидува прекин на огнот и ослободување на заложниците. Воениот кабинет на Израел сé уште гласал за предлогот.

    Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека наводите за големи израелски отстапки во потенцијалниот договор се неточни.

    „Позицијата на премиерот е конзистентна – војната ќе заврши само кога ќе се постигнат сите цели, израелската армија нема да се повлече од Појасот Газа, а нема да бидат ослободени ниту илјадници терористи“, се наведува во соопштението.

    Претходно лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека палестинската организација го добила предлогот за прекин на огнот што беше поднесен по разговорите во Париз и потврди дека го проучува, како и дека ќе го посети Каиро за дополнителни разговори за предложениот план, пренесоа британските медиуми.

    Ханија рече дека ќе го посети Каиро за понатамошни разговори за предложениот план, пренесува Ројтерс. Тој повтори дека приоритет на Хамас е крај на израелската воена офанзива и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.

    Хамас им порача на учесниците на разговорите во Париз дека ослободувањето на сите заложници што ги држи ќе бара гаранции за прекин на сите израелски воени операции во Појасот Газа и повлекување на сите израелски инвазивни сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img