More

    Велика Британија е подготвена за моментот кога и формално ќе ја признаеме палестинската држава

    spot_img

    Велика Британија е подготвена за моментот кога и формално ќе ја признаеме палестинската држава, изјави шефот на британската дипломатија и поранешен премиер Дејвид Камерон, додавајќи дека на Палестинците треба да им се даде политички хоризонт за промовирање на мирот на Блискиот Исток.

    Камерон денеска ја почнува својата четврта посета на Блискиот Исток откако во ноември беше назначен за министер за надворешни работи.

    – Велика Британија има одговорност да одреди како би изгледала палестинската држава – рече тој пред Советот за Блискиот Исток на Конзервативната партија и додаде:

    – На палестинскиот народ ќе треба да му се покаже неповратен напредок кон решение со две држави. Како тоа ќе се случи, ние, со сојузниците, ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинска држава, вклучително и во Обединетите нации.

    Камерон, исто така, го повика Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и кажа дека е „смешно“ што виталната британска и друга помош се враќа назад на границата.

    Тој кажа дека последните 30 години биле приказна за неуспехот на Израел бидејќи не успеал да им ја осигура безбедноста на своите граѓани. Само со признавање на тој неуспех, рече тој, ќе има мир и напредок.

    Велика Британија долго време го поддржува решението за две држави, каде Израелците и Палестинците би можеле да живеат рамо до рамо во одделни земји.

    Камерон сугерира дека велика Британија би можела да ѝ даде формално, дипломатско признавање на палестинската држава не како дел од конечниот мировен договор, туку порано, за време на самите преговори.

    Истовремено, додаде тој, ќе мора да има нова палестинска власт која брзо ќе се крене со „технократски и добри лидери“ способни да управуваат со Газа.

    – Заедно со тоа, речиси најважно од сè, е да му се даде на палестинскиот народ политички хоризонт за да може да види дека ќе има неповратен напредок кон решение за две држави и, најважно, формирање на палестинска држава – додаде шефот на британската дипломатија пред своите сопартијци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img