Бекот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, беше казнет со 50.000 долари за своето однесување на првиот натпревар од НБА плејофот во Бостон, каде домашните Селтикс со звук на сирена славеа со кошот на Џејсон Тејтум со 115-114, соопшти канцеларијата на НБА лигата.
Ирвинг ја заработи казната затоа што на гледачите во ТД Гарден им покажа „среден прст“ и ги пцуеше навивачите на Бостон.
Поранешниот играч на Селтикс постигна 39 поени за својот поранешен тим и малку недостасуваше да биде херој на победата на Нетси, но неговите напори во последната секунда од натпреварот беа откажани од Џејсон Тејтум.
Нема сомнеж дека по потегот со кој заработи казна, Ирвинг ќе има уште „потопол“ пречек во вториот натпревар кој е закажан за среда навечер кон четврток (1.00 часот) по средноевропско време.