Даниил Медведев тешко загуби од Јаник Синер (3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3) во финалето на Австралија опен.
Иако водеше со 2:0 во сетови, Медведев загуби исто како во 2022 година кога Надал беше подобар од него.
Русинот одигра вкупно 31 сет на Австралија опен, повеќе од кој било тенисер во историјата. На теренот помина повеќе од 23 часа и 50 минути, што е и рекорд на Грен слем турнир.
„Честитки за Јаник, одигра одлично и заслужи да победи, ја подигна играта на неверојатно ниво. Сме играле многу пати, се надевам дека ова не ти е последен Грен слем. Три пати сум поразен во финалињата, се надевам дека следниот пат ќе бидам подобар. За жал, немав доволно среќа да го земам трофејот, но следниот пат ќе се потрудам да го сторам тоа за сите вас. Да се загуби финале е секогаш тешко, но јас сум изгубил овде и претходно. Ќе се обидам да направам подобро следниот пат“, рече Медведев на церемонијата.
Синер со својата победа го презеде тронот од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кого го совлада во полуфиналето со 3:1.