Министерството за здравство во Појасот Газа, кое го води Хамас, објави дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација загинале 26.422 лица, главно жени, деца и малолетници.
Во изминатите 24 часа загинаа 165 лица, соопшти Хамас.
Од 7 октомври, кога започна војната, ранети се 65.087 луѓе, се додава во соопштението.