Откако првиот полуфинален натпревар во Куп на Италија помеѓу Интер и Милан заврши без победник (0:0), синоќешниот втор и одлучувачки меч заврши во корист на шампионот на Италија.
Имено, момците на Симоне Инзаги беа драстично подобри од момците на Стефано Пиоли, па со вечерашната победа со 3:0 (Мартинез, Мартинез, Госенс), Интер се пласираше во финалето.
Противникот во финалето ќе биде познат утре откако ќе се одигра мечот Јувентус-Фиорентина (првиот заврши со резултат 1:0 во корист на Јувентус).