Без поддршка од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, за нов собраниски претседател е изгласан Јован Митрески од СДСМ.
Ова назначување следува откако досегашниот собраниски спикер Талат Џафери поднесе оставка со цел да биде избран за технички премиер задолжен за спроведување на изборите.
Пред гласањето, пратеникот од СДСМ Мартин Костовски го испофали Митрески набројувајќи ги неговите животни успеси, па излезе на говорница Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој започна да реди критики.
– Вкупно гласаа 104 пратеници, 64 пратеници гласаа „за“, а „против“ се 40. Констатирам дека Јован Митрески е избран за претседател на Собранието – рече потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски