ЕУ: Особено сурово егзекуција на осуденици во САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Kenneth Eugene Smith, convicted for a murder-for-hire committed in 1988, and who is scheduled to be executed in the U.S. state of Alabama by asphyxiation using pure nitrogen, poses for an undated booking photo at Holman Prison in Atmore, Alabama, U.S. Alabama Department of Corrections/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. THIS IMAGE WAS PROCESSED BY REUTERS TO ENHANCE QUALITY
- Advertisement -
Ad image

Европската унија (ЕУ) го изрази своето жалење поради „особено суровото“ извршување на смртната казна со азот во Соединетите Американски Држави (САД), изјави портпаролот на Европската комисија. „ЕУ длабоко жали за егзекуцијата на Кенет Јуџин Смит во Алабама“ и за „особено суровиот“ начин на егзекуција, се вели во соопштението на портпаролот.

ЕУ додава дека Смит веќе бил подложен на обид за „неуспешно погубување“ во ноември 2022 година и нагласува дека се противи на смртната казна „во сите околности“.

Кенет Јуџин Смит, осуден на смрт за убиство во 1996 година, беше прогласен за мртов во затворот Атмор во четвртокот во 20.25 часот по локално време. Тоа беше првпат во САД да се користи нов метод на егзекуција, со користење на азот.

Алабама е една од трите американски држави кои дозволуваат ваков вид на егзекуција.

Властите во Алабама тврдат дека тоа е хуман метод, додека канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации изрази загриженост за недокажаниот метод, кој според меѓународното право може да претставува „тортура“.

Смит е првиот осуденик што е погубен оваа година во САД, каде во 2023 година се извршени 24 егзекуции со смртоносна инјекција.

Претходниот обид да се погуби Смит со инјекција беше во 2022 година. Постапката е откажана во последен момент, бидејќи решението не можело да се инјектира во рокот предвиден со закон, иако осудениот останал врзан неколку часа.

Share This Article