Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер нема сознанија за некое експлицитно и конкретно руско влијание во изборниот процес, но е убедена дена има бидејќи, според неа, е генерално присутно во регионот.Одговарајќи на новинарско прашање после потпишувањето на меморандумот за спроведување на Фулбрајт програмата за академска размена со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Агелер порача дека најважно за граѓаните е добро да се едуцираат за кандидатите во изборниот процес.
– Немам сознанија дека има некое експлицитно и специфично влијание, но, уверена сум дека тоа е тука, бидејќи генерално го има во регионот. Мислам дека она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат. Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат, истакна Агелер.