Украина објави дека соборила 11 беспилотни летала од вкупно 14 што Русија ги испратила во јужните региони на земјата во текот на ноќта и дека неколку луѓе се повредени.
Украинските воздухопловни сили објавија дека нивни припадници собориле беспилотни летала во регионите Одеса и Миколаев.
МВР соопшти дека во нападите во Одеса се повредени шест лица и дека се оштетени станбени згради и магацин.
Министерството додаде дека неколку лица биле повредени претходниот ден во руските напади врз село во источниот регион Харков.
Според Министерството, четири лица се повредени во место во областа Харков, меѓу кои и 17-годишник. Во експлозијата се уништени две приватни куќи и еден автомобил.
Киев ги повикува своите западни сојузници да ги зајакнат своите системи за воздушна одбрана додека Москва продолжува со ноќните напади со беспилотни летала и ракетни напади врз градовите и клучната инфраструктура низ Украина.