More

    Денес оставки на Ковачевски и Џафери од функциите,од недела техничка влада

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да поднесат оставки на функциите, со што почнува формално-правната процедура за подготовка и избор на техничката Влада в недела на 28 јануари – 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај, две недели пред претседателските избори. Учеството во техничката влада синоќа го официјализираше и ВМРО-ДПМНЕ откако Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри, но остана на ставот да не гласа за владата.

    Панче Тошковски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

    СДСМ претходно ги објави имињата на кандидатите за техничката влада во која дополнителни заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика се Митко Бојмацалиев и Јована Тренчевска.

    Објаснувајќи ги постапките во пресрет на изборот на техничката влада, Џафери вчера појасни дека Владата денеска до него како претседател на Собранието ќе достави информација дека поднесува оставка и тој како претседател на Собранието ќе го извести претседателот на државата за тоа. Џафери ќе го овласти потпретседателот на Собранието Горан Мисовски да ја води седницата утре и потоа ќе поднесе оставка. На утрешната седница на Собранието ќе бидат констатирани оставките на премиерот и неговата, а потоа пред да се гласа дневниот ред, ќе се предложи нова точка – избор на претседател на Собранието. По изборот, во случајов на Јован Митрески за претседател на Собранието, тој ќе го извести претседателот дека од име на мнозинската коалиција во Собранието е избран за претседател. Утре, како што објасни Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот за премиер на техничката Влада и роковите ќе почнат да течат.

    На 27 претпладне, Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата, а седницата за избор треба да биде свикана на 28 јануари. За да се комплетира техничката влада, ќе биде свикана уште една седница на која треба да се гласа за дополнителните заменици министри и за верификација на мандат на пратеник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img