More

    Руски авион со заробени украински војници се урна во близина на границата со Украина

    spot_img

    Во руската област Белгород, која граничи со Украина, во средата наутро се урна голем руски воен транспортен авион од типот Ил-76.

    Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, извести за инцидентот во областа Корочански. „Во моментов се врши истрага, на терен се и работници од Министерството за вонредни состојби.

    Гладков веднаш излегол на местото на несреќата, наведувајќи дека деталите за настанот ќе бидат објавени подоцна, пренесува ТАСС.

    Како што пренесува РИА Новости, авионот превезувал украински затвореници кои требало да бидат разменети. Покрај нив, во авионот имало и екипаж и придружба, соопшти руското Министерство за одбрана.

    „Во авионот имало 65 заробени припадници на вооружените сили на Украина кои биле на пат за размена во регионот на Белгород, шест членови на екипажот на авионот и три лица кои го придружуваат“, се вели во соопштението на Министерството.

    На социјалните мрежи набрзо се прошири видео кое го прикажува моментот кога авионот се урна.

    Исто така, утринава во Белгород е активирана тревога од воздух поради опасност од проектили. Како што јави ТАСС, на жителите им се препорачува да останат дома и да не се приближуваат до прозорците.

    Засега не се знае дали овие два настани се поврзани.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img