More

    Во некој од наредните денови, Дрин Ахмети, кој беше фатен со полн џип петарди, ќе даде исказ, откако е повикан на распит во обвинителството

    spot_img

    Во некој од наредните денови, Дрин Ахмети, кој беше фатен со полн џип петарди, ќе даде исказ, откако е повикан на распит во обвинителството, дознава Сител.

    Дрин, инаку внук на Али Ахмети беше уапсен на 30 декември откако полицијата во неговиот автомобил пронајде 750 пиротехнички средства завиткани во црни вреќи.

    Тој тврдеше дека петардите и огнометите ги купил за своите внуци, а набавката била легална.

    Од Обвинителството појаснуваат дека се испитува потеклото и начинот на кој се набавени стотиците огномети и петарди. Се прибирале материјални и вербални докази, а по исказот на Дрин Ахмети, ќе биде донесена и јавнообвинителска одлука.

    Според Кривичниот законик, поседувањето распрскувачки материи е кривично дело. Лицето кај кое ќе бидат пронајдени се соочува со парична или затворска казна од една до три години во зависност од бројот на петарди и огномети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img