More

    Шокантна снимка до Мелитополе, се судрија Русите и Чеченците во Украина

    spot_img

    Неколку членови на чеченскиот баталјон Восток-Ахмат нападнаа руски војници на контролен пункт во Мелитопол.

    Рускиот воен дописник Јуриј Котенок објави видео од инцидентот на својот канал Телеграм и нагласи дека руските војници биле нападнати и од командантот на баталјонот Ваха Камбулатов, кого чеченскиот лидер Рамзан Кадиров постојано го нарекувал свој сојузник.

    На видеото може да се види како припадник на руската армија запрел црн мерцедес на контролен пункт и барал пропусница. Му дале документ од автомобилот, но на него немало датум.

    – Колку долго важи документот – прашал војникот.

    – На неодредено време – му одговориле Чеченците.

    – Се смета за неважечко на неодредено време – продолжил војникот.

    Неколку чеченски војници потоа излегле од автомобилот, еден од нив го репетираше пиштолот и го впери кон војникот, додека другите носеле пушки. Тие му приоѓаат на војникот кој е автор на видеото, а потоа се слушаат истрели. Во еден момент војникот паѓа на подот и Чеченците не му дозволуваат да стане.

     

     

    Не е познато како завршил инцидентот.

    – Дали тие се заштитниците на кои им е доверено да ги штитат луѓето од рускиот свет? Дали е вистина или нешто пропуштивме – се пожали Котенок во својата објава.

    Засега нема официјални реакции на оваа снимка.

    Адам Кадиров, синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, да потсетиме, неодамна ја посети зоната на конфликтот во Украина! Чеченскиот лидер објави видео на кое се гледа како неговиот шеснаесетгодишен син стои до пратеникот во чеченската Државна дума Адам Делимханов и гледа на мапа на воената операција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img