Словенија спроведува истрага за економски криминал и корупција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ е  под истрага за кривични дела за економски криминал и корупција. Од утрово во тек се претреси во општина Љубљана и во куќата на градоначалникот Јанковиќ, потврдено е за Н1 од општинските служби во словенечката престолнина.

Полициската управа на Љубљана соопшти дека се спроведуваат обемни активности „како дел од истрага за „кривични дела за економски криминал и корупција“ во поширокото подрачје на Љубљана, Целје, Крањ и Нова Горица, пренесува N1 Словенија.

„Полициската управа во Љубљана спроведува обемни оперативни активности по наредба на надлежниот суд во контекст на истрагата за кривични дела економски криминал и корупција. Истрагата ја води специјализираното државно обвинителство, полицијата не може да даде повеќе информации поради интересите на истрагата“ – стои во соопштението од полицијата.

Според информациите на порталот Нецензурирано, истрагата треба да се спроведе во просториите на „Вока Снага“ и „Енергетика Љубљана“ како и во седиштето на Фудбалскиот клуб Олимпија.

Според нивните сознанија, криминалистичката полиција истражува различни сомнителни неправилности, и тоа неовластено стекнување спонзорски средства, ангажирање на еден од вработените и уште неколку случаи.

Засега, како што се наведува, не се знае кои се осомничените и кои сомнителни дела се истражуваат.

Share This Article