More

    Лавров уверува, Русија нема да користи нуклеарно оружје

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но потенцираше дека почнала нова фаза од „специјалната воена операција“.

    – Ќе користиме само конвенционално оружје – потенцираше Лавров.

    Тој го демантираше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите изјави дека Русија може да употреби нуклеарно оружје.

    – Многу приказни. Во зависност од тоа што пие или пуши – рече Лавров.

    Потоа Лавров зборуваше за „втората фаза од воената оперљација“. Тоа веќе го најавуваа многу аналитичари, а утринава украинскиот претседател објави дека почнала битката за Донбас.

    – Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција – рече Лавров.
    Лавров исто така изјави дека структурата на територијата на Украина е сложена.

    – Неточно е да се тврди дека Украина може да биде само унитарна држава, дека ниту еден дел нема да добие специјален статус, дури и ако тоа го бара Советот за безбедност на ОН. Мислам дека тоа не е многу добро осмислено – рече тој.

    Според првиот човек на руската дипломатија, кризата одамна ќе била завршена доколку Зеленски соработувал.

    – Ако Зеленски го стореше она што го вети на својот електорат кога беше избран за претседател, ако соработуваше и настојуваше да ги спроведе договорите од Минск, тогаш кризата во Донбас одамна ќе беше решена – рече тој.

    Додека се зборува за нуклеарното оружје, руската „операција“ продолжува и внатре во самата Русија. Таму одбраната ќе се реализира преку засилено учење историја според рускиот систем. Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов најави дека учениците уште од прво одделение ќе учат историја.

    – Ќе направиме сѐ за да ја зачуваме историската меморија. Затоа одлучив историја да се изучува од прво одделение – наведе Кравцов.

    Во Русија во моментов историја се изучува од петто одделение. Руските власти неколку пати тврдеа дека „некои странски земји се обидуваат да ја препишат историјата“.

    Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Москва е должна да обезбеди зачувување на вистината за Втората светска војна, што во Русија се нарекува Голема патриотска војна и да се спротивстави на обидите за фалсификување на историјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img