Сестрите Кардашијан, Ким и Клои го посетија забавниот парк Дизниленд каде побарале посебен третман како познати личности и на тој начин предизвикале гнев во јавноста.
„Кога Кардашијан го прекинуваат редот, возат сами и нѐ тераат обичните луѓе да чекаме и да ги гледаме… Типично“, напишала тиктокерката Рејчел во видеото на кое се гледа како само сестрите со своите деца се возат во рингишпилот со шолји за чај.
И самите сестри Кардашијан го споделија видеото од Дизниленд на социјалните мрежи, па очигледно е дека не гледаат ништо лошо во своите постапки.
„Ова не го направела ниту принцезата Дајана…“, гласеше еден од коментарите под видеото, додека друг корисник напиша дека дури и контроверзната раперка Карди Би некогаш уживала во истото возење, но заедно со другите посетители, освен што имала телохранител со себе и ќерката.
Исто така, еден корисник на оваа социјална мрежа прашал „како не им е срам?“
Тој ден, наводно, сестрите го прославиле роденденот на единствената ќерка на Клои, Тру, а за забавата биле издвоени околу 3.000 долари.