More

    Во МЗТ Скопје пристигна Американецот Ајви

    spot_img

    Американецот Бре Ајви е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром. Се очекува Ајви да биде голема помош за плејмејкерската позиција која беше можеби најслабата точка на „сино-белите“.

    – Станува збор за исклучително квалитетен кошаркар, добро познат на македонската спортска јавност, со оглед на одличните настапи во дресот на Академија ФМП, за која играше од почетокот на сезоната. Ајви во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции, соопшти МЗТ Скопје Аеродром.

    За 25-годишниот Американец ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции.

    Ајви дебито во дресот на македонскиот шампион треба да го има утре во 1. коло од Суперлигата на дуелот со ТФТ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img