More

    Според најновата анкета спроведена во Бугарија, нешто повеќе од половина од испитаниците веруваат дека владата на премиерот Петков нема да издржи цел мандат

    spot_img

    Според најновата анкета спроведена во Бугарија, нешто повеќе од половина од испитаниците (52%) веруваат дека владата на премиерот Пекотв нема да издржи цел мандат. Со спротивно мислење се 28% од граѓаните, објави БГНЕС.

    Податоците покажуваат дека 47 отсто се со став дека предвремени парламентарни избори не се потребни.

    Ова се главните заклучоци од репрезентативна студија на „Тренд Истражувачкиот центар“ нарачана од „24Часа“.

    Владејачката „Продолжуваме со промената“ бележи нов пад на поддршката, што му овозможува на ГЕРБ да ги престигне. „Вазраждане“ бележи раст втор месец по ред.

    Позитивната оценка за работата на парламентот остана на 24% од сите испитаници, додека негативната оценка се искачи на 66%.

    Кај претседателот Радев не беше забележа значителна промена овој месец, со 50% позитивни и 38% негативни.

    Речиси половина од Бугарите (47%) сметаат дека предвремените парламентарни избори не се неопходни. 37% се со спротивно мислење, пренесе БГНЕС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img