Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Според прогнозата на УХМР, минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 8, а максималните дневни од 10 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
И за утре се очекува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и слични манимални и максимални температури.