More

    Според амбасадорот Ангелов „таа е икона за македонските Бугари“

    spot_img

    Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје денеска беше прикажан филмот „Одмаздничката“ посветен на, како што се нарекува, „големата бугарска хероина од Тетово Мара Бунева“.

    Филмот прикажува факти од животот на младата тетовчанка, преку документи, автентични фотографии, а се претставени и мислења на научници и експерти, кои зборуваат за подвигот на Бунева.

    Мара Бунева на 13 јануари 1928 година го убила српскиот обвинител Велимир Прелиќ, кој е одговорен за тортурата врз обвинетите во Скопскиот студентски процес студенти припадници на ММТРО.
    Во своето обраќање амбасадорот на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов ја нарече Бунева „икона за македонските Бугари“.

    – Таа млада жена е икона. Икона на локалните Бугари, кои му се спротивставиле на српското угнетување. Тоа угнетување за кое што пишува Вазов во неговата песна „Па шта си ти“. Овој спомен им смета на некои луѓе, им сметал на тие кои ја скршиле првата плоча во 1945 година и ги скршиле сите плочи кои се поставуваат на местото каде што е извршен атентатот. Но споменот не може да биде „скршен“, бидејќи историјата не може да биде „скршена“. Дури вештачката интелигенција ќе ви каже дека Мара Бунева постоела и го направила тоа, што го направила – рече амбасадор Ангелов.

    Филмот е направен со поддршката на Националниот филмски центар и Државната агенција „Архиви“, трае 77 минути, режијата е на Ралица Димитрова, а сценариото на Тони Николов. Филмот премиерно беше прикажан во киното „Одеон“ во Софија на 12 јануари годинава, еден ден пред денот кога Бунева го извршила атентатот.

    „Скопје, 13 јануари 1928 година. Една млада жена го убива српскиот обвинител Велимир Прелиќ на стариот камен мост над Вардар и потоа пука во самата себе. Која е Мара Бунева, која го жртвува својот живот, семејство, сакан сопруг во името на идеалот – одмаздата кон поробувачите на татковината. Терорист или херој, криминалец или жена која случајно влегла во македонските работи?“ – се вели во проспектот за филмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img