More

    Министерството не ги утврдило фактите, пресуди Управниот суд

    spot_img

    Управниот суд ѝ ги врати на Општина Тетово ингеренциите за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Според раководителот на Секторот за образование во општина Тетово, ваквата одлука е само потврда дека Министерството за образование незаконски ѝ ги одзело ингеренциите на општината.

    – Управниот суд во својата концизна, децидна и категорична пресуда констатираше дека Министерството за образование и наука постапило спротивно на Законот за средно образование, дека Министерството за образование и наука донело целосно неправилна и незаконска одлука за укинување на ингеренциите на градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами и дека Министерството за образование и наука воопшто не пристапило кон проверка на фактите и доказите кои би претставувале основа за донесување на одлуката со која на градоначалникот му се одземени надлежноста и ингеренциите за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ – рече Ваљедин Адеми, раководител на Секторот за образование во општина Тетово.
    Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ минатата година беше место на чести судири помеѓу централната и локалната власт. Прво Општина Тетово ја разреши тогашната директорка Теута Лала и назначи нов директор. Следеше одговор од Министерството за образование и наука (МОН), кое на градоначалникот Билал Касами му ги одзеде надлежностите да назначува директор на гимназијата, ја врати разрешената директорка на работното место, а потоа на општината ѝ ги одзеде сите ингеренции врз ова училиште. На оваа одлука Општината поднесе жалба до Управниот суд, кој донесе решение со кое се поништува одлуката на МОН, а на Касами му беа вратени одземените надлежности врз тетовската гимназија.

    – Оваа победа на правдата не е само триумф на образовните институции, туку е и моќен предизвик против политичките игри кои под какви било околности се обидоа да ја корумпираат и да влијаат на правдата и интегритетот на образовниот систем. Нема да дозволиме корупцијата да помине под незаконски молк, мораме одлучно да се спротивставиме на секој обид за манипулирање и корумпирање на нашите образовни институции. Оваа победа не е само за поединец или конкретна заедница, туку за сите наши граѓани. Тоа е пример дека со силен правен систем можеме да ги заштитиме правата и интегритетот на сите наши ученици – истакна Адеми на денешната прес-конференција.

    Општината ќе бара Министерството за образование и наука да ги надомести буџетските средства за периодот од јануари 2024 до јули 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img