More

    Професорот Калајџиев остро ги критикува измените на Законот за рестриктивни мерки

    spot_img

    Извршната власт преку Законот за рестриктивни мерки ќе го озакони влијанието врз судството, спротивно на уставот и загарантираните човекови права. Правната фела е изненадена, да не речам згрозена од незрелоста на овој пропис. Упаѓањето во оваа сфера од извршната власт со оставена можност пред Управен суд да се водат некакви управни спорови коишто долго траат би значело на некој начин неуставно зафаќање во човековите права – вели универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев за Канал 5.

    Калајџиев вели дека сè што е предвидено со овие измени е погрешно, почнувајќи од тоа што МНР и безбедносните служби ќе имаат одлучувачка моќ, бидејќи се предлага да се надлежни органи кои ќе доставуваат предлози за воведување на рестриктивни мерки.

    – Овие правни акти од странска држава прво директно никаде не се применуваат во трета држава, се мисли на црните листи, тие во суштина се една политичка одлука и тешко би можело било каква црна листа од една држава да има директни последици во друга, па макар и да се признае. Обврската за обвинителството да мора да поведе постапка е исто така спротивно на уставот и законот за кривична постапка. ЈО треба да поведе постапка, да, но тогаш кога има докази – вели Калајџиев.

    Тој оценува дека измените на овој закон имаат политичка цел, по бројните забелешки од јавноста дека домашните органи не преземаат ништо за лицата кои САД ги стави на нивната „црна листа“.

    – Многу е јасно, политички гледано е собирање на некои поени. Демек еве сега ние сме сериозни, на сите овие критики ќе одговориме со некоја мерка која ќе биде оригинална и ќе даде резултати, ама на погрешна патека е. Би било фино кога би нашле некое решение, меѓутоа ова сигурно не е такво решение – вели Калајџиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img