„Сексуалното задоволство е дар од Бога, но католиците мора да избегнуваат порнографија“, рече папата Франциско.
Тој рече дека „сексуалното задоволство е нешто што треба да се негува, но тоа е поткопано од порнографијата“.
„Задоволството без врска може да создаде форми на зависност“, рече Папата, според Гардијан.
Тој додаде дека љубовта треба да се брани, како и дека „победата во борбата против страста може да биде доживотен потфат“.
Медиумите јавуваат дека папата одговорил на критиките од конзервативните критичари, откако минатата недела повторно во продажба се појави книга со сексуално експлицитна содржина напишана пред неколку децении од шефот на доктринскиот оддел, Виктор Мануел Фернандез.
Книгата на аргентински кардинал близок на папата Франциско, меѓу другото, вклучува и поглавје во кое се опишуваат разликите помеѓу машкиот и женскиот оргазам.
Одговарајќи на критиките, Фернандез рече дека сега „дефинитивно“ нема да напише таква книга.
Во 2022 година, за време на разговор со ученици за опасностите од социјалните мрежи, папата предупреди на „ѓаволот“ на дигиталната порнографија, признавајќи дека и свештениците и калуѓерките гледаат порнографија на интернет.