More

    Ретко видена ситуација: Собирачот го скрши бодот на Австралија опен, Русинката полуде по одлуката (ВИДЕО)

    spot_img

    Ковачевиќ на крајот покажа спортски дух и му врачи бод на противникот, за што беше награден со овации.

    Необична ситуација се случи на дуелот меѓу Карен Хачанов и Александар Ковачевиќ на Австралија Опен. Имено, при резултат 6:4, 2:1 и брејк топка за Американецот, враќањето на Ковачевиќ наместо на земја, заврши во рацете на собирачот на топки.

    Иако топката очигледно паѓаше надвор од границите на теренот, судијата досуди реприза на поенот. Во таа ситуација Русинот се налутил и побарал од судијата „да му ги покаже правилата“.

    „Топката излезе во аут, каде е правилото“, праша Хачанов.

    Судијата се огради од одлуката, велејќи дека топката „мора да ја допре земјата“.

    „Не можам да направам ништо додека противникот не признае бод. Дали му давате бод“, го прашала Ковачевиќ.

    Ковачевиќ на крајот покажа спортски дух и му предаде бод на противникот, за што беше награден со овации од австралиската публика.

    На крајот Хачанов го доби мечот со еден загубен сет за четири часа игра. На крајот беше 6:4,6:3,4:6 и 6:3.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img