Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска му посака добредојде на новиот претставник на UNHCR во државата, Габриел Гулијано де Годој. На средбата министерката најпрво му ја објасни работата на Министерството за труд и социјална политика и го претстави тимот кој посветено работи на прашањето за миграциите во државата уште од 1999 година.
Тренчевска истакна дека повеќегодишната соработка со официјален прв договор започна уште од 2003та година и дека тоа е прв случај каде меѓународна организација се вклучува директно во договор со министерство.
На средбата се разговараше и за тековните активности од 2023та година и за планираните активности за оваа година.
Од присутните беше посочено дека продолжуваат заложбите за градење на капацитетите на социјалните работници во центрите во делот на прашањето со миграциите, полесна интеграција во државата на бегалците, нивно вклучување во образовните процеси и пазарот на труд.
Претставникот Габриел истакна дека вклучувањето на бегалците на пазарот на труд треба да се гледа како можност со која ќе се олесни нивниот живот, но и дека таквиот пристап ќе помогне во заситувањето на потребата од работници на македонскиот пазар на труд.
На крај тој истакна дека Република Северна Македонија претставува пример за другите земји во делот на бездомници и лица без документи и охрабри дека во периодот кој што следи целта е да се бројат успесите со намера да се пресретнат сите потреби лицата кои ги опфаќа агендата на UNHCR.