More

    Пасошите без „Северна“ нема да важат по 12 февруари

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари, бидејќи станува збор за обврски на меѓународниот договор кои стапуваат на сила, а по 13 февруари ќе се размислува за лицата кои немаат пасоши.

    Тој вели дека според информациите кои ги има, грчката страна има разбирање за техничките аспекти, но не треба да се заборават обврските.

    – Тоа е меѓународен договор, ратификуван во Парламент, не е одлука на Влада на државите. Најдобро е да се договориме да бидеме во секојдневна комуникација со грчката страна за граѓаните да немаат проблеми по 13 февруари, по однос на транспортерите, сообраќајните дозволи, пасошите – изјави министерот.

    Според него, некоректно е граѓаните да седат без грижа, дека државата ќе среди, па после да им кажеме дека не можеме.

    – За личните карти, законот заглави во Собрание. Тие рокови не се пресликани во законот за лични карти. За патни исправи и останатите документи, мора да важат до 13 февруари. Дајте да се организираме до 12 февруари да завршиме повеќе, а на 13 ќе мислиме што останало како проблем и како да го регулираме – додаде Османи.

    Османи кажа дека нема надеж дека пасошите ќе важат на 13 февруари, а кога Грција ќе ја информира ЕУ, пасошите нема да важат никаде.

    – Уште еднаш порачувам, наместо да имаме иницијативи за одложување на рокот, да имаме иницијатива за исполнување на обврските пред 12 февруари, имаме уште еден месец и треба добро да се координираме сите. Од 13 февруари ќе размислуваме како да им помогнеме на граѓаните кои не успеале да извадат нова патна исправа – додаде министерот.

    Тој на прашањето на новинарите дека нема обрасци за издавање на нови патни исправи со новото уставно име, информираше дека не е запознаен дека има таков проблем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img