More

    Стотици летови се откажани ширум Германија поради снег и замрзнат дожд

    spot_img

    Стотици летови и полетувања на возови се откажани денеска во Германија поради снег и замрзнат дожд, а училиштата се затворени. Над 500 пристигнувања и полетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, а повеќе од 250 во Минхен. Доцнење и откажување летови имаше и на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Бон.

    Во западниот дел на земјата, аеродромот во Сарбрикен е целосно затворен.

    Deutsche Bahn откажа неколку меѓуградски линии и најави дека максималната брзина на брзиот воз (Intercity Express – ICE) ќе биде ограничена на 200 километри на час.Утринава на запад и на југ од земјава имаше многу сообраќајни незгоди поради голомразица на коловозот.

    Како мерка на претпазливост, многу училишта и градинки се затворени, а некои компании им понудија на своите вработени можност да работат од дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img