More

    Зеленски: Рускиот лидер е единствената причина што војната уште трае

    spot_img

    „Путин нема да почива во мир, ниту во овој свет, ниту во другиот, ниту неговите деца, ниту неговите внуци, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос. Според Зеленски, рускиот лидер е единствената причина зошто продолжуваат разните војни и конфликти и тој мора да сноси одговорност за неговата агресија да не поттикне други автократии.

    – Ние не сме терористи и затоа ќе се организираат кривични судски процеси, по што Путин и целото негово семејство ќе поминат долг, повеќегодишен одмор зад решетки – додаде тој.

    Зеленски рече дека Западот му го изгубил времето на Киев грижејќи се дали ќе ексалира борбата против Русија, а дека Владимир Путин ќе продолжи со својата окупација дури и ако борбите застанат на поширокиот фронт, пишува британски Телеграф.

    – По 2014 година, имаше обиди за замрзнување на војната во Донбас. Имаше многу влијателни гаранти, канцеларот на Германија, претседателот на Франција. Но, Путин е предатор кој не е задоволен со замрзнати производи – рече Зеленски на Светскиот економски форум во Давос.

    Украинскиот претседател исто така го повика Западот‏ да ѝ помогне на Украина да стекне воздушна супериорност над Русија.

    – Мораме да стекнеме воздушна супериорност за Украина. Како што стекнавме супериорност во Црното Море, можеме да го направиме тоа. Ова ќе овозможи напредок на теренот… Партнерите знаат што е потребно и во која количина.

    „Украинците не го контролираат воздушниот простор каде што напаѓаат“, изјави за Асошиејтед Прес минатата година Џорџ Барос, руски аналитичар за Институтот за проучување на војната. „Тоа се исклучително тешки услови под кои може да се водат офанзивни операции“, гласеше неговиот коментар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img