Војната на Блискиот Исток може да добие катастрофални димензии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пакистан остро го осуди иранскиот воздушен напад во кој загинаа две деца, нарекувајќи го „неиспровоцирано нарушување на воздушниот простор“ и заканувајќи се со одмазда. Иран тврди дека користел „прецизни проектили и беспилотни летала“ за да уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл во областа на селото Кох-е-Сабз во пакистанската југозападна провинција Балучистан.

Нападот доаѓа откако еден ден претходно Иран лансираше проектили врз северен Ирак и Сирија, што е најновата ескалација на непријателствата на Блискиот Исток.

Постои ризик војната во Газа да се претвори во поширок регионален конфликт. Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека во нападот на нејзина територија биле убиени „две невини деца“ и го предупреди Иран на „сериозни последици“.

„Уште позагрижувачки е што овој незаконски чин се случи и покрај постоењето на неколку канали за комуникација меѓу Пакистан и Иран“, додаваат тие во соопштението.

Милитантната група Џаиш ал-Адл соопшти дека Иранската револуционерна гарда за нападот употребила шест беспилотни летала и голем број ракети за да уништи две куќи во кои живееле децата и сопругите на борците.

Властите во провинцијата Белуџистан изјавија за Си-ен-ен дека две девојчиња загинале, а најмалку четири лица се повредени.

Џаиш ал-Адл или Армија на правдата е сепаратистичка милитантна група која оперира од двете страни на границата и претходно ја презеде одговорноста за нападите врз ирански цели. Нејзината цел е независност на иранските провинции Систан и Белучистан.

Нападите на Иран дополнително ќе ги подигнат стравувањата дека израелската војна во Газа може да се прошири во војна на Блискиот Исток со огромен размер од тешки хуманитарни, политички и економски последици.

Нападите во Ирак и во Сирија беа осудени од САД како непромислени и непрецизни, додека Обединетите нации рекоа дека безбедносните проблеми мора да се решат преку дијалог.

- Advertisement -
Ad image

Ирак соопшти дека поднел жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.

 

Share This Article