Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја совлада селекцијата на Швајцарија 29:27 (полувреме 13;9) во рамките ан Европското ракометнопрвенство во Берлин, Германија, но тоа не беше доволно да ги продолжи натпреварувањата.
Натпреварот во „Мерцедес-Бенз Арената“ понуди голема драма, иако во неколку наврати нашиот национален тим имаше водство и од пет гола разлика. За овој меч селекторот Лазаров не можеше да смета на капитенот Митревски. Грешките доведоа до вистински трилер, но за среќа репрезентатицците на Македонија издржаа и запишаа победа.
Митев и Костески постигнаа по пет гола, Пешевски и Кузмановски имаа по четири гола. Мартин Томовски средбата ја зварши со 12 одбрани, Кизиќ со две.
Со оваа победа од два гола Македонија обезбеди место во првиот шешир за баражот за СП.