Кабинетот на Пендаровски му врати на Ковачевски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“.

– Како што и претходно информиравме, претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието. Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла – посочуваат од Кабинетот на претседателот на државата.

Ковачевски претходно рече дека претедателот презел таква обврска.

– Со потпишувањето на Преспанскиот договор, сме се обврзале како држава, дека документите за надворешна употреба ќе бидат со новото уставно име на државата. Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата Стево Пендаровски презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Share This Article