More

    Грците можеби ќе прифатат пролонгирање на рокот, ама некој треба да ги замоли

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски не разговарал со Грција за можноста да се пролонгира рокот за новите патни исправи, откако граѓаните се изложени на минусни температури со часови да чекаат за да можат да извадат нов пасош, а уште толку и за да го подигнат.

    – Промената на личните документи за надворешна употреба, пасошот, е потребна за граѓаните да патуваат надвор од државата. Треба да се постигне договор со Грција. Треба да ги видите дестинациите каде патуваат нашите граѓани. Од мај до септември, Грција е најчеста дестинација на Македонците. Ќе разговараме со министрите, може да направиме законски измени, но тоа се документи за надворешна употреба – рече Ковачевски.

    Променети се 1,2 милиони пасоши, но има уште граѓани кои немаат документ.

    – Со потпишувањето на Преспанскиот договор, сме се обврзале како држава, дека документите за надворешна употреба ќе бидат со новото уставно име на државата. Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата Стево Пендаровски презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција – додаде Ковачевски.

    Инаку, претседателот Пендаровски уште пред неколку дена му одговори на премиерот дека нема потреба тој да разговара со грчката претседателка и да бара дозвола за пролонгирање на рокот за важност и за замена на личните документи и патните исправи.

    – Претседателот Пендаровски даде предлог за пролонгирање на рокот за важност и замена на личните документи и патните исправи. Доколку Владата смета дека предлогот е добар, може веднаш да започне иницијатива за негова реализација. Преспанскиот договор е потпишан од министрите за надворешни работи, во име на владите на двете држави и размената на информации во таа смисла треба да се одвива во тие рамки. Со оглед на тоа што Преспанскиот договор е важен и во контекст на нашите преговори со Европската Унија информирањето кон Брисел треба да се одвива и преку Секретаријатот за европски прашања. Во рамки на севкупните напори на државата, претседателот Пендаровски е подготвен да даде свој придонес преку комуникација со претседателката на Хеленската Република – велат од Кабинетот на Пендаровски за Плусинфо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img