Градоначалникот на Воронеж, Вадим Кстенин прогласи вонредна состојба по, како што рекоа официјални лица, украински напади со беспилотни летала во кој беа оштетени неколку згради и рането едно дете.
„Луѓето од една станбена зграда беа евакуирани во блиското училиште откако остатоците од дрон предизвикаа мал пожар и искршија прозорци на зградата“, напиша Кстенин на Телеграм.
Тој истакна дека од нападите предизвикани се оштетувања и на други згради во градот.
-Во градот е воведена вонредна состојба, која ќе овозможи брзо спроведување на мерките за санирање на штетите – изјави Кстенин.
Гувернерот на регионот Александар Гушев на Телеграм каналот соопшти дека една девојка е повредена кога делови од дронот паднале врз станбената зграда во која се наоѓала.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило пет беспилотни летала и пресретнало уште три во текот на ноќта над регионот Воронеж, кој граничи со Украина.