More

    Трамп убедливо победи на прелиминарните избори во оваа држава

    spot_img

    Поранешниот претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците што синоќа се одржаа во Ајова.

    И покрај арктичкиот студ што ноќеска на некои места достигна -37 степени Целзиусови, републиканците од оваа сојузна држава гласаа на таканаречените „какуси“, собири по цркви, училишта и други јавна места, и го избраа Трамп за свој кандидат на претседателските избори закажани за годинава во ноември.

    Далеку зад него за второ место се бореа поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и гувернерот на Флорида, Рон Десантис. На анкетите во Ајова Трамп водеше со 53 отсто, додека рејтингот на Хејли и Десантис беше 19 и 16% соодветно.  Тројцата изминатата недела интензивно митингуваа во Ајова, иако Трамп откажа неколку митинзи поради екстремно ладното време.

    Резултатите во Ајова се важни и покажуваат какво би било расположението на републиканците на следните гласања во клучните држави, како она закажано во Њу Хемпшир на 23 јануари.

    Победата на Трамп значи дека партијата стои зад него и покрај лажните тврдења дека изборите во 2020 година биле украдени, но и фактот дека против него се покренати 91 кривично обвинение поврзани претежно со скандалот со отуѓување на доверливи државни документи и обидите да се укинат изборите во 2020 година.

    Ако Трамп навистина победи ќе следува повторен дуел меѓу него и претседателот Џо Бајден по оној пред четири години. Бајден тврди дека во напорите да ги дискредитираат изборите во 2020 година, Трамп и неговите соработници претставуваат закана за американската демократија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img