Британската компанија за поморска безбедност Амбри соопшти дека товарен брод во сопственост на САД e погоден со проектил во близина на јужниот брег на Јемен.
Според Амбри, нападот „ги таргетирал интересите на САД како одговор на американските воени напади врз воените позиции на Хутите во Јемен“.
Амбри известува дека избувнал пожар на американскиот брод кој пловел под знаме на Маршалските Острови, но тој и понатаму е во пловна состојба и нема повредени.
Се наведува и дека бродот дека не е поврзан со Израел.
Безбедносната агенција за поморски трговски операции на Обединетото Кралство претходно соопшти дека капетанот на бродoт пријавил дека левата страна на бродот била погодена одозгора со проектил во близина на јужниот пристанишен град Аден во Јемен.
Нападот се случил на околу 110 милји (177 километри) милји југоисточно од Аден.