Министертвото за информатичко општество своеволно ѝ ја скратило чергата на Агенцијата за медиумски услуги

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) поднесе тужба против Министерството за информатичко општество и администрација, затоа што подолг временски период го прекршува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените, изјави директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски.

Со законските измени од јули минатата година точно е утврдена висината на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата за финансирање на радиодифузната дејност – еден процент од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот и е укинато дискреционото право на Министерството овие проценти да не ги реализира доколку со тоа се нарушува праведната распределба на буџетските средства.

– Парадоксално е што предлагач на овој закон е токму МИОА, против кое сега поднесуваме тужба – изјави Трајчевски.

Со непочитувањето на законот, Трајчевски нагласи дека на македонските медиуми, организации и здруженија, ќе им се ускрати и правото на пристап до фондовите од програмата „Креативна Европа 2021 – 2027 година“ со вкупен буџет од 2,5 милијарди евра, од кои 51 процент се наменети за сегментот медиуми.

– АВМУ два пати се обрати до МИОА, укажувајќи му на неговите законски обврски, а се обративме и до претседателот на Собранието и до надлежните комисии. Со оглед на тоа дека се исцрпени сите останати можности, поднесовме тужба пред надлежниот суд – рече Трајчевски.

Оваа состојба, според него, трае неколку години, бидејќи Министерство и пред законските измени го користело дискреционото право овозможено во законот од 2018 година и префрлувало помалку пари.

– За последните шест месеци Агенцијата има добиено 4 милиони 812 илјади денари помалку. Намалувањето е особено изразено овој месец, кога имаме добиено 1 милион 126 илјади денари помалку – рече Трајчевски.

Во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година се пропишува дека средствата за работењето и развојот на МРТ, ЈП Македонска радиодифузија и АВМУ ќе се обезбедуваат од Буџетот на државата во висина од 0,8 проценти до 1 процент, од реализираните вкупни приходи во годината која претходи на фискалната година, со тоа што секоја година овие средства ќе се зголемуваат за 0,1 процент.

– Висината на износот од 2019 година требаше да изнесува 0,8 проценти, во 2020 година 0,9 проценти. Почнувајќи од 2021 година да изнесува еден процент. Меѓутоа, со друг член беше пропишано дека овие проценти ќе се реализираат доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства и не влијае врз средствата планирани за сите буџетски расходни ставки. Таквата формулација остави можност за дискреционо постапување, кое Министерството го злоупотреби и наместо да се префрлаат средства во висина од еден процент во 2021, 2022 и до средината на 2023 година тие беа преполовени и изнесуваа и помалку од 0,5 проценти. Со законските измени од јули 2023 година се укина ова дискреционо право и точно се утврди дека средствата се обезбедуваат од Буџетот во висина од еден процент. Од нив Агенцијата треба да добие пет проценти – рече Трајчевски.

- Advertisement -
Ad image

Тој најави дека и МРТ во следните денови ќе поднесе тужба против МИОА, бидејќи средствата што ѝ се кратат се многу повисоки од тие на Агенцијата.

Share This Article