Осигурани се речиси 700.000 возила – Секое трето возело во странство

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, мотоцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5% во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

Секое трето осигурено возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8% повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 21,2 милиони евра.

Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување.

Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 86,7 милиони евра.

Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6%, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5%, покажуваат податоците на НБО.

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта  имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира  Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.

Во 2023 година во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување” учествувала со 4,8%, „Кроација осигурување – неживот” со 9,9%, „Уника” со 14,6%, „Триглав осигурување” со 8,8%, а „Сава осигурување” со 9%. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ” отпаѓа 13,4%, на „Еуролинк” 8,4%, „Граве” 8,8%, „Халк Осигурување” учествува со 6,4% и „Осигурителна полиса” со 9,5%.

Share This Article