Министерството за здравство на Хамас соопшти дека 24.100 луѓе загинале во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу израелската армија и палестинското исламистичко движење.
Како што се наведува во соопштението, најголем дел од загинатите се жени и деца.
Во новиот биланс, Министерството наведува дека од 7 октомври минатата година досега се ранети 60.834 лица, а многу други се затрупани под урнатините.