Постојат многу митови за тоа каква храна треба да јадеме кога ќе дојде студеното време и зимата.
Често чувствуваме дека е неопходно да се јаде појака храна во зима за да го одржиме телото здраво и силно, пишува Нова.рс.
Зачинета и топла
За да го подигнеме имунитетот треба да земеме храна која го забрзува метаболизмот, се што е зачинето, се што ја забрзува циркулацијата и му овозможува на телото да се загрее. На прво место се лукот, сите видови лути пиперки, биберот, но и ѓумбирот. Има фантастично дејство на организмот бидејќи може да се користи и како зачин и како чај.
Тоа треба да бидат приоритетни намирници, како и се што е моментално присутно на пазарот, а е свежо и зелено, за постојано да консумираме витамини и минерали. Тоа се, на пример, разни видови зелка, компири, кромид, моркови, цвекло, целер, грашок, агруми, рен.
Исклучително е ефикасна и топлата храна – супите, особено пилешките. Не само што ќе не загрее, туку содржи и многу корисни состојки за организмот. Дополнителна придобивка за организмот е вдишувањето при конзумирање на секаков вид топла супа и пијалоци.
Чаеви и компоти
Кога сме кај пијалоците, чаевите и етеричните масла исто така делуваат на загревање на телото во студените денови. Наутро пијте ги оние кои го подигнуваат имунитетот како ехинацеа, зелена, разни видови црни, а се препорачува да се користат со витамин Ц. Не треба да се пие додека е претерано топло бидејќи ќе има контра ефект, а се советува да не се засладуваат, освен со малку мед доколку е потребно.
Покрај чаевите, има и компоти, но без шеќер. Треба да се внимава компотот да биде закуска, а не да се користи како десерт после главното јадење.
Маслиново масло и лук
Секогаш треба да имате на ум што се здрави масти. Тоа е првенствено маслиново масло. Ова масло и лукот се фантастична комбинација. Исто така, путер и маст. На пример, малку од него намачкате, ставате лута пиперка и лук или бибер и на тој начин го загревате телото на здрав начин.