More

    Нападите во Црвеното Море ќе ѝ нанесат силен удар на светската економија

    spot_img

    Светската трговија падна за 1,3 отсто од ноември до декември, објави германскиот институт за светска економија Кил, додавајќи дека „ова е последица на нападот на товарните бродови во Црвеното Море“.

    Ударите на американските и британските сили врз позициите на јеменските Хути дополнително ја влошија ситуацијата на Блискиот Исток, што ќе има и економски последици со оглед на тоа што Црвеното Море е една од главните трговски артерии во светот.

    Преку оваа рута се транспортираат 12 отсто различни стоки на глобално ниво, вклучително нафта, како и 30 отсто од контејнерската стока: од делови за автомобили, до папучи во вредност од илјада милијарди долари годишно.

    Оксфорд економикс“ очекува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува, но дека и натаму постои ризик од пораст на цените. Ако трошоците за транспорт со контејнери останат на сегашните нивоа – речиси двојно повеќе од она што беа на почетокот на декември, тоа би можело да ја зголеми глобалната инфлација за околу 0,6 процентни поени, проценуваат економските експерти на универизтетот Оксфорд.

    Продолжувањето на нарушувањето на пловидбата во Црвеното Море би било голем удар за глобалната економија, која сè уште се опоравува од различни шокови од 2020 година, почнувајќи од пандемијата „Ковид-19“, преку руската инвазија врз Украина.

    Најмногу ќе страдаат регионите кои увезуваат енергија, особено во земјите со ниски приходи и Европа, која е на работ на рецесија. Иако војната меѓу Израел и Хамас сè уште не влијаеше на цените на енергијата, прекините во транспортот преку Црвеното Море може да предизвикаат нивно зголемување.

    Зголемувањето на цените на нафтата и гасот би ја одржало високата инфлација, комплицирајќи ги напорите на централните банки да ја намалат. Продолженото затворање на водениот пат кој е поврзан со Суецкиот канал, може да ги загрози глобалните синџири на снабдување и да доведе до повисоки цени на различни производи во клучен момент во борбата со инфлацијата.

    Премиите за осигурување се речиси двојно зголемени во последните дена. Шест од десетте најголеми компании за транспорт на контејнери: Maersk, MSC, Hapag-Lloyd, CMA CGM, ZIM и ONE – во голема мера или целосно го избегнуваат Црвеното Море поради заканата од милитантите Хути.

    Преминот низ Црвеното Море е тежок уште од ноември, кога бунтовничките Хути ги нападнаа бродовите што пловеа кон Израел како одмазда за неговата инвазија врз Газа. Сепак, на удар се сите бродови.

    Пазарите на енергија веќе беа потресени во четвртокот на 11 јануари, откако Иран заплени танкер во Оманскиот залив. Имено, 12 отсто од нафтата и осум отсто од течниот природен гас (ЛНГ) се транспортираат преку Црвеното Море и Суецкиот канал.

    – Ова е проблем и за Европа и за Азија – рече Џон Стаперт – менаџер во Меѓународната комора за бродови која претставува 80 отсто од светската комерцијална флота.

    Тој истакна дека 40 отсто од трговијата меѓу Азија и Европа се одвива по морски пат.

    Грција, Јордан, Шри Ланка и Бугарија се меѓу најпогодените економии од овој проблем, наведува Блумберг.

    Оваа состојба има катастрофални ефекти за Египет, кој во 2023 година заработи 9,4 милијарди долари од наплатата на даноците за минување на бродови.

    Бројот на бродови што поминале низ Суецкиот канал во овој период паднал на 544, од 777 во истиот период во 2023 година, рече Рабие, пренесе Ројтерс.

    Светската банка предупреди дека прекинот на клучните транспортни рути „ги интензивира прекините во мрежите за снабдување и ја зголемува веројатноста за инфлаторни тесни грла“.

    Околу 400 комерцијални бродови во секој момент во нормални околности минуваат низ јужниот дел на Црвеното Море кој е во рамките на дострелот на Хутите, изјави висок воен претставник за АП. Годишно низ Суецкиот канал минуваат 17 илјади бродови.

    Суецкиот канал е една од петте најважни поморски патишта во светот и најкратката врска меѓу Азија и Европа, заедно со Ла Манш, Панамскиот Канал, Ормутскиот теснец и Малајскиот теснец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img