More

    „Неутрализиравме многу милитанти“, вели турски министер

    spot_img

    Турското министерство за одбрана објави дека Турција денеска извршила воздушни напади врз курдските милитанти во соседните Ирак и Сирија, еден ден по убиството на девет турски војници во напад на турска воена база во Ирак.

    Властите на Турција соопштија дека во нападот се погодени цели во регионите Метина, Хакурк, Гара и Кандил во северен Ирак, но не ги прецизираа погодените области во Сирија. Се наведува дека воените авиони уништиле пештери, бункери, засолништа и нафтени капацитети со цел да ги елиминираат терористичките напади врз турскиот народ и безбедносните сили и да ја осигураат граничната безбедност на Турција.

    Во соопштението се додава дека во нападите се „неутрализирани многу милитанти“.

    „Ќе се бориме до крај против терористичката организација ПКК во и надвор од нашите граници“, напиша турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на социјалните мрежи.

    По нападот на Турција, сè уште нема никаков коментар од Курдската милитантна група ПКК, владата во Багдад или администрацијата во полуавтономниот северен курдски регион Ирак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img