Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст, соопшти УХМР. Максималните дневни температури до среда ќе достигнат до 10 Целзиусови степени.
Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места, врнежите ќе бидат од дожд и снег.