Во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на регионалниот пат кон Вевчани загина 19-годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Според информациите од МВР, најстариот син на Мукоски излетал со возило од патот кон Вевчани и починал од здобиените повреди.
– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга – стои во известувањето од МВР.