Ирскиот премиер рече дека политичката стабилност во нашата земја е важна за Европа

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Приклучувањето кон ЕУ треба да биде национална амбиција, а не партиска или политичка работа. Тоа е важно за регионалната безбедност на Балканот, но и за пошироката безбедност на Европа особено по руската инвазија на Украина која даде една нова итност во ситуацијата, порача премиерот на Ирска, Лео Варадкар, при посетата на Македонија.

Ирскиот премиер Варадкар рече дека е чест да се биде првиот ирски премиер кој доаѓа во официјална посета на земјава.

– Мојата денешна посета на Северна Македонија и претходно на Косово и на Црна Гора ја покажува заинтересираноста на Ирска да му помогне на регионот на патот кон ЕУ интеграција. Сметам дека приклучувањето во ЕУ е важно за регионалната безбедност на Балканот, но и за пошироката безбедност на Европа. Луѓето од регионот ќе имаат придобивки од членството во ЕУ како што имаше и Ирска. Секогаш го поддржуваме проширувањето на ЕУ и се радуваме да ја пречекаме Северна Македонија како идна членка. Се надевам дека напредокот во пристапните преговори ќе забрза, бидејќи 10 години ни една земја не се приклучила кон ЕУ и сметам дека тоа треба да се промени. Подготвени сме да помогнеме онаму каде што можеме, особено во врска со реформите – рече Варадкар.

Нагласи дека има мошне топли билатерални односи меѓу двете земји и додаде дека има потреба од унапредување во делот на трговијата која беше само 20 милиони евра во минатата година.

– Мислам дека можеме да ја зголемиме трговијата, но и да воспоставиме и образовни и туристички врски – рече Варадкар.

Премиерот Димитар Ковачевки на прес-конференцијата порача дека сите алтернативи кои се нудат наспроти членството во Европската Унија се утопии кои не можат да дадат ниту приближен резултат на она што го дава членството во Унијата. Дали ќе стигнеме до таа цел сега зависи само и единствено од нас. Останува последниот чекор, одлуката нема да е лесна иако е техничка.

Нагласи дека ако некој сака да компарира што значи земја пред влегување во ЕУ и по влегување најдобро е да го земе примерот на Ирска која доживеа економска и социјална трансформација токму по влегувањето во Унијата.

– Ако некоја земја се развила по влезот на ЕУ тоа е Ирска. Ирска е наш силен партнер и поддржувач на нашата европска интеграција. Денеска разговаравме со премиерот и за нашата интеграција и за напредокот на реформите и конкретно имплементирање на проекти и за нашите конкретни чекори кои ги преземаме. Процесот на реформи ќе продолжи и ќе финишира со зачленување во ЕУ. Токму Ирска најдобро разбира дека идентитетот и јазикот се две важни карактеристики на секој народ и Ирците многу добро знаат со какви предизвици се соочуваме, бидејќи и тие во други околности и во друго време поминаа низ еден таков сличен процес – рече Ковачевски на денешната заедничка прес –конференција во Владата.

Посочи дека еден од најголемите поддржувачи на нашите европски интеграции е токму премиерот на Ирска и Ирска. Со Ирска како што кажа од 1994 година до денеска развиваме добро ниво на политички дијалог, а токму и за време на ирското претседателство со ЕУ во 2004 година ние ја поднесовме апликацијата за членство во ЕУ и оттогаш добиваме континуирана и гласна поддршка од Ирска.

- Advertisement -
Ad image

Како што рече Ковачевски, постои можност за соработка во информатичката технологија, телекомуникациите, производството на органска храна, енергетиката и туризмот. Ирска, како што кажа, е увозник на наши земјоделски производи, а ние од Ирска увезуваме производи од телкомуникациската и фармацевтската индустрија.

Претходно премиерот Димитар Ковачевски одржа тет-а-тет средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во рамките на неговата официјална посета на земјава, која воедно е и прва посета на ирски премиер на државава.

Како што соопшти владината прес-служба, по тет-а-тет средбата се одржа и билатерална средба на македонската и ирската делегација, на која што присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

- Advertisement -
Ad image

На средбата беше поздравена триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, при што беше потенцирано дека постои добро ниво на политички дијалог и покрај географската оддалеченост.

Беше нагласена потребата од зајакнување на економската соработка, особено во областа на информатичката технологија, телекомуникациите, производството на органска храна, енергетиката и туризмот, стои во соопштението.

Премиерот Ковачевски, на состанокот се заблагодари за силната и гласна поддршка на Ирска на Северна Македонија на патот кон ЕУ, којашто континуирано трае уште од времето на поднесување на нашата апликација за членство во Унијата токму за време на ирското претседателство со ЕУ во 2004 година.

Заеднички беше истакнато дека проширувањето на ЕУ е стратешко и безбедносно прашање коешто е од клучно значење во овој сложен и неизвесен геополитички контекст за европскиот континент.

Двајцата премиери констатираа дека иднината на Северна Македонија треба да се издигне над сите политички и идеолошки разлики и затоа од сите политички чинители се очекува проактивност во однос на исполнувањето на целите кои се поставени на патот кон ЕУ.

Беше препознаена улогата на Северна Македонија како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко во европски рамки, за што беше изразено уверување дека е уште еден силен аргумент за обезбедување на европските перспективи на земјата, се наведува во соопштението на владината прес-сслужба.

Share This Article