Троцата инспектори на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги докомплетираат документите и завршија со разговорите во М-НАВ. Надзорот сѐ уште трае, наредната недела инспекторите ќе ја разгледуваат обемната документација од инспекцискиот надзор, вели за МИА, директорката на ДИТ, Весна Томовска.
– Значи нема повеќе да се оди кај работодавачот, сега ќе следи период на анализа на документацијата, разгледување и утврдување на фактичката состојба – вели Томовска.
Таа посочува дека се разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.
-Последните огласи за вработување се четири, објавени се 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со синдикатот денес имаа разговори, го имаа и повикано синдикалниот претставник ги достави и тој потребните документи што им беа потребни на инспекторите во делот на тоа како се одвивале преговорите, дали е штрајкот најавен, дали имаат било каква документација во делот на нивните барања, дали се економско-социјални барањата, вели Томовска.
Таа посочи дека овие анализи ќе потројат најмалку една недела, затоа што какошто вели инспекторите навистина имаат обомена документацијата и секое досие треба да го разгледаат посебно.
Државниот инспекторат за труд во М-НАВ влезе по случувањата во оваа институција.