Играчот на Хајдук постигна феноменален гол од корнер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски потсети на легендарниот Артим Шакири на контролниот натпревар со унгарски Фехервар во Умаг, постигнувајќи гол директно од корнер во победата на Хајдук од 5:2.

Единствената разлика со ремек-делото на Шакири против голманот Дејвид Симан во ремито 2:2 на Македонија со Англија во 2002 година во Саутемптон е во тоа што македонскиот фудбалски репрезентативец погоди од левото корнер знаменце.

Во спротивниот табор настапува уште еден „рис“, Никола Серафимов, кој беше стартер за својот Фехервар, но беше само набљудувач при ефектниот гол на нашиот херој од Палермо.

Сплиќани се подготвуваат за остатокот од сезоната во хрватскиот Умаг и ќе одиграат уште неколку пријателски мечеви до почетокот на хрватското првенство. Александар Трајковски пристигна во Хајдук летово и се покажа како солидно засилување. Офанзивниот фудбалер имаше и мал проблем со повреда, но досега успеа вкупно да постигне два гола и една аситенција.

Share This Article